Милан се подготвува за сезона без Златан

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, најверојатно ќе ја заврши кариерата по крајот на сезоната, предвидува „Газета дело Спорт“. 38-годишниот Швеѓанец сè уште не ја објавил својата одлука, но „росонерите“ веќе прават планови за следната кампања без него.
Ибрахимовиќ се врати на „Сан Сиро“ како слободен агент претходно оваа година и постигна три гола во Серија „А“ на 8 натпревари и екипата се стабилизира. Договорот на ветеранот е до летото, но Милан сака да го продолжи за уште 12 месеци. Ибра инсистира и на гаранции дека тимот ќе биде конкурентен со другите гиганти во Италија.
Разрешувањето на Звонимир Бобан и нејаснотиите околу Паоло Малдини, кој го донесе Златан во Милано, исто така укажуваат на тоа дека Швеѓанецот веројатно нема да остане.
„Росонерите“ ќе се насочат кон напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик. Полјакот е подготвен да го напушти „Сан Паоло“, откако клубот веќе ги обезбеди услугите на Андреа Петања.
Ново на Сител
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
