Милан мртвата мајка три месеци ја криел во замрзнувач, полицијата откри зошто

Милан М. од Чачак ја држел својата мртва мајка (90) три месеци во замрзнувач, а полицијата претпоставува дека тоа го сторил за да ја зема нејзината пензија и куќната нега која и следувала.
Милан М. живеел со мајката Ружа во куќа во Чачак. Случајот во полицијата го пријавил неговиот брат кој живее на периферија од градот. Тој забележал дека нешто невообичаено се случува кога родениот брат телефонски му рекол дека мајката им починала и дека тој ја погребал на гробиштата во Чачак. Кога тој отишол на гробишта, видел дека го нема гробот. Случајот го пријавил во полиција.
-Само што дојдовме, човекот веднаш ни призна се. Го отворивме сандакот за замрзнување и го затекнале телото на старицата. Сешто сум гледал во досегашната служба, но ова беше многу страпно. Синот на старицата ен правеше никакви проблеми. Ни рече дека било ладно во Чачак и мајката не можел да ја погребе, вели извор од полицијата.
Милан М. е сослушан во полицијата и пуштен дома. Собрани се докази дека старицата починала на 16. декември минатата година, откако ја посетила екипа на итната помош. Обдукцијата покажала дека старицата умрела од природна смрт.
-По се изгледа, Милан М. ја криел смртта на мајката зошто можел и натаму да ја зема нејзианта пензија како и надоместот за куќна нега. Таа подолг временски период била неподвижна, и практично не излегувала од дома. Се проценува дека зел нешто повеќе од 100.000 динари со оглед дека таа имала пензија од 20.000 денари. И Милан бил пензионер, но со мали примања, работел порано како инструктор за возење.
Ново на Сител
-

Законот за високо образование „под лупа“, професорите и студентите со сериозни забелешки
-

Тема на денот со Александар Николовски, поранешен претседател на УСС и Бленди Ходаи, претседател на Форум за образовни промени
-

Обвинтиелството без детали - партиите се обвинуваат меѓу себе
-

Доживотна казна затвор за штипјанецот кој ја уби мајка си
-

Доктори од Словенија: Онколошки пациенти се лекувале со погрешна терапија
-

Речиси 5000 казни за една недела од Сејф сити, најголем број за брзо возење
-

Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници
-

ССМ утре ќе го блокира Собранието, пратениците на работа ќе одат пеш
