-->
-->
Мик Шумахер: Формула 1 е мојата судбина
-->

Во моментов тој се натпреварува во Формула 2, но сепак е дел од програмата на Ферари за млади пилоти и минатиот месец дури направи деби на тестовите, откако возеше како за „Скудерија“, така и за Алфа Ромео во Бахреин.
– Не сакам да се споредувам со никој од сегашните пилоти во Формула 1. Човекот со кого треба да се споредувам е татко ми. Морам да видам какви се неговите чекори и што направил поинаку од другите за да ги постигне овие успеси. Тоа е она за што сакам. Се разбира во моментов во Формула 1 има страшно талентирани пилоти кои немаше да се натпреваруваат, ако немаат квалитети, па секогаш е убаво да зборуваш со нив и да учиш колку можеш повеќе. Да, мислам дека да возам во Формула 1 е моја судбина, изјави 20-годишниот Мик пред „Скај Спорт“.
Тој ја освои титулата во Формула 3 по силните презентации во последните натпреварувања и тоа му обезбеди место во Формула 2. Тој годинава заврши освои бодови во 3 од првите 4 натпревари до сега.
– Многу е важно работите да се случуваат чекор по чекор и Ф2 најверојатно е последното скалило пред Формула 1. Задоволен сум како се одвиваат работите за мене, бидејќи да возиш во Формула 2 мислам дека е потешко во некои односи од Формула 1. Тоа сепак е многу добра подготовка за највисоко ниво, рече уште Мик Шумахер
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Избодени осум лица во Шведска, напаѓачот застрелан од полицијата
-
Нов силен земјотрес регистриран во Грција со јачина од 5,1 степен според Рихтер
-
Муцунски: Пописот треба да се одложи за период кога ќе се подобри епидемиолошката состојба
-
Издадена осмата еврообврзница од 700 милиони евра по досега најниска каматна стапка од 1,625 отсто
-
Мицкоски: Тоа што Заев користи што сум изолиран поради Ковид-19 не го спасува од паѓање на Владата
-
Граѓани од истокот измамени преку социјалните мрежи
-
Досега евидентирани 18.236 лица преку апликацијата за самопопишување
-
Пронајден хероин кај 50-годишен тетовец