Мијалков ја потпиша пријавата за говорот на омраза на социјалните мрежи кон децата со посебни потреби
Штипјанецот Зоран Мијалков, самохран родител на две деца со аутизам кој веќе неколку дена е мета на говор на омраза на социјалните мрежи од страна на Ранко Србакоски, денеска ја потпиша пријавата во Полициската станица во Штип. Меѓутоа, за него, вели тој, целата работа е жална, бидејќи само осудата нема да промени многу. Посочува дека е потребно човек да биде свесен за состојбата на лицата со попречености или ретки болести и нивните семејства, а ако не може да им помогне, барем да не им одмага.
-Во суштина е жална целата работа, не се случува еднаш, се случува со многу родители, со години. Едноставно, мене ми е целата работа жална, затоа што не треба да се случуваат вакви работи. Победа не би било некој да се осуди, победа би било да сфати дека згрешил и сите други слично што пишуваат и размислуваат да сфатат дека нашите деца се како сите обични, само имаме повеќе потреби, за жал, вели Мијалков.
Тој посочува дека со говорот на омраза се засегнати сите родители на деца со посебни потреби, но се разочарани што надлежните не прават речиси ништо за помош. Најжално е што во ваквите случаи рацете ги меша политиката, а тешките последици ги трпат родителите и нивните деца.
-Па нема доволно, гледате, и за дијабетичарите. Страшно е во оваа земја. Еве, на пример, мојот син примаше еден лек за да спречува епи-напади, тој лек го нема, па се смени терапијата, сега не е погодена таа терапија, буквално, имаме чувство како нашите деца да се експериментални глувци, затоа што фалат лекови, фали грижа од државата, вели Мијалков.
Спасот какошто вели го гледа во заминување од земјава, бидејќи со години не гледа напредок.
-Пред некој да навредиш, треба да му влезеш во кондурите, да видиш како му е оти ние едвај преживуваме, од ден за ден. Значи, многу е тешко на овие фамилии. Зборувам во името на сите, толку се веќе депресивни и во апатија што многу активисти веќе престанаа да се борат, ќе наоѓаме спас само во иселување од Македонија. Еве, и јас лично почнувам на тоа да размислувам, да си одам од оваа земја“, додава Мијалков.
Тој истакна дека членовите на неколку Здруженија размислуваат во следниот период да поднесат и тужба против државата во Судот за човекови права. Помошта ја има на хартија, заклучува тој, но во реалноста ситуацијата е многу постравична.
Ново на Сител
-

Сопственикот на „Црно Брдо“ осомничен за пожари во Хрватска
-

Мицкоски: Армијата е симбол на чест, дисциплина и посветеност
-

Стјуардесите и пилотите со најголема стапка на смртност од рак поради космичко зрачење
-

Иран: Ормуската Теснина ќе остане затворена додека САД не ги исполнат сите услови од јунскиот договор
-

Уште еден починат од западнонилска треска на Инфективната клиника, хоспитализирани 20 пациенти од кои пет со потешка клиничка слика
-

МВР: Пронајдени 10 лица - мигранти од Египет, лишен од слобода криумчарот од Латвија
-

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив
-

Муцунски: Историјата, идентитетот, јазикот и културата се нашите црвени линии, очекуваме гаранции од европските институции
