-->
-->
Михајловиќ повика на мир
-->
Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ со солзи во очите се потсети на војната во поранешна Југославија зборувајќи за ситуацијата во Украина и не можеше да ја заврши прес-конференцијата. Михајловиќ е роден во Вуковар, град кој страдаше најмногу во војните во 1990-тите.„Пред некој ден прочитав една реченица дека кога војната е помеѓу двајца богати, умираат сиромашните. Сигурен сум дека со војна нема да се реши ништо. Се сеќавам кога го освоивме трофејот со Црвена звезда што се случуваше во мојата земја. Кога мојата земја беше бомбардирана, јас го освоив скудетото со Лацио. Тогаш сакав тренинзите да ми траат 24 часа, мечевите да бидат долги цел ден, бидејќи не сакав да мислам на војната и бомбите. Само на теренот бев среќен и покрај војната. Кога ќе завршеа, бев во хаос. Не можев да се слушнам со моите родители две недели и не знаев дали се живи. На ТВ гледав како авионите полетуваат од базата во Италија и ќе и се јавев на мајка ми да оди во скривница. По еден месец нема поента да зборуваме за војната бидејќи луѓето ќе се навикнат и нема да им е грижа ако има војна некаде далеку. Затоа треба да работиме за мир и за што е можно побрз крај. Ова е поголемо од сите нас“, изјави Михајловиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Андоновски: Во 2027 година очекуваме камен-темелник за националниот дата центар
-

Муцунски и Ивановиќ: Европската интеграција, реформите и новата авиолинија во фокусот на разговорите
-

Европратениците ги критикуваат новите овластувања на Фронтекс за надзор на социјалните мрежи
-

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници
-

Шест месеци до година за законско прифаќање на дигиталните лични карти и возачки дозволи, објасни министерот
-

Во Битола над старата касарна откриени и отстранети 1.700 рачни бомби од Првата светска војна
-

Илјадници пациенти плаќале за операции на очи кои веќе ги покрил Фондот: Осум лица приведени
-

„Одек низ времето“ – музичко патување низ епохите на класичната музика
