Мигранти ја напуштаат Пиреја, судири на Хиос
Пристаништето Пиреја вчера го напуштиле вкупно 630 мигранти и бегалци, во рамките на акцијата на грчките власти за премесување на мигрантите и расчистување на пристаништето кое е преполно.
Бегалците, кои биле транспортирани со автобуси, се сместени во привремени центри во Килини, Јанина и Пиерија. Во Пиреја во моментов има 5.350 бегалци.
Претпладнево во пристаништето биле донесени 27 мигранти од Лезбос, и други петмина од други острови.
Во меѓувреме, на островот Хиос синоќа дошло до судири меѓу мигрантите во кои се повредени три лица кои се хоспитализирани. Судирите меѓу мигрантите биле толку жестоки што полицијата морала да употреби звучни и димни гранати.
Жителите на островот денеска одржуваат протест против ситуацијата која владее меѓу мигрантите.
Ново на Сител
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог
-
Реулаторна ќе објави нови цени на горивата