-->
-->
Мицотакис: Сакаме чиста победа за да нема дилеми кој ќе формира Влада и кој ќе биде премиер
-->

Очигледно е дека сакам да победиме и да победиме со чиста разлика пред втората партија, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата Опен, говорејќи за претстојните парламентарни избори на 21 мај, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис истакна дека и во преостанатите 19 дена до изборите, ќе продолжи да се бори за, како што рече, да ги убеди неопределените граѓани.
-Сакам да победиме и победата, описно ќе ви кажам, да биде толку јасна што следниот ден да нема дилема кој треба да формира Влада, а кој, очигледно, да биде и премиер, потенцираше Мицотакис.
Посочи дека она што е потребно е стабилна и силна Влада со четиригодишен мандат и ја повтори неговата заложба за зголемување на просечната плата за 25 отсто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

СДСМ предложи закон за помош на земјоделците
-

Преглед на вестите од светот
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
