Мицотакис: Национална отстапка е признавањето „македонски“ јазик и „македонска“ националност
Признавањето „македонски“ јазик и „македонска“ националност е национална отстапка што не ја имаше направено ниту една претходна влада. Таму каде што сите рекоа „не“, Ципрас кажа „да“,рече Кирјакос Мицотакис, претседателот на најголемата грчка опозициска партија за време на неговиот говор на политички настан организиран од Нова демократија во грчкиот град Триполи.
Мицотакис рече дека тие веќе предупредиле за „големите опасности што ги крие потпишувањето на крајно проблематичниот Договор од Преспа“, јави дописничката на МИА од Атина.
-Рековме дека признавањето „македонски“ јазик и „македонска“ националност претставува национална отстапка што не ја имаше направено ниту една претходна влада. Едноставно кажано, господинот Ципрас рече „да“, таму каде што сите претходно рекоа „не“. Таму, каде што Константинос Мицотакис кажа „не“, таму каде што Костас Караманлис рече „не“, таму каде што Андонис Самарас кажа „не“, господинот Ципрас рече „да“. На овој начин, му дозволи на господинот Заев сега да ни мавта со прстот. Да ни вели: Која Северна Македонија, ние сме Македонци, зборуваме македонски јазик и утре ќе бараме овој македонски јазик да се изучува официјално и во нашата татковина, рече лидерот на Нова демократија.
Мицотакис, уште еднаш повтори дека неговата партија нема да го поддржи договорот.
-Нова демократија, беше, е и ќе биде против Договорот од Преспа и ќе се бориме овој договор да не помине, бидејќи ги поткопува интересите на земјата, истакна Кирјакос Мицотакис во неговиот говор, пренесе МИА.
Ново на Сител
-
Намален бројот на превезени патници во патниот сообраќај во првиот квартал
-
Денеска и утре нестабилно со пороен дожд
-
Почина 32-годишник, излетал од патот со автомобил
-
Општина Карпош демантира дека издала одобрение за забавниот парк кај „Борис Трајковски“
-
ССМ: Синдикална минимална кошница за мај 60.090 денари
-
Уапсени седум педофили во Србија, во становите пронајден детски порнографски материјал
-
Русија ги обвини САД дека сакаат да распоредат оружје во вселената
-
ОЈО отвори истрага против врховниот судија Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители Мемети