Мицотакис: Кога ќе се пронајде вакцината треба да се прогласи за глобално јавно добро

Се приклучувам на повикот на другите лидери дека вакцината, кога и да се открие, би требало да биде прогласена за глобално јавно добро, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на учеството на донаторската конференција за борба со Ковид-19 во рамките на меѓународната иницијатива „Коронавирус глобален одговор“ (Coronavirus Global Response), и соопшти дека Грција, „за заедничките напори“, ќе донира три милиони евра.
Мицотакис истакна дека вчерашниот ден беше важен за Грција поради започнувањето на постепеното укинување на рестриктивните мерки, но додаде дека сѐ додека не се пронајде вакцина, „нема да бидеме апсолутно безбедни“.
– Вакцината ќе треба да се произведува во доволни количини, во најкратко можно време. Би требало да биде достапна и со прифатлива цена за целата глобална популација, почнувајќи од најранливите и потребно е да се дистрибуира низ целиот свет на еднаква база. Ниту една земја или регион не треба да има монополистички пристап до вакцината кога станува збор за заразни болести и како што спомена Мелинда Гејтс, безбедноста на еден е безбедност за сите, рече Мицотакис.
Минатиот месец, преку колумна во германскиот весник „Франкфурт Алгемајне цајтунг“, грчкиот премиер го поддржа предлогот на европските влади за заедничко купување патенти за новите вакцини, како и за тестовите.
Ново на Сител
-

МВР со детали: Загинатото момче со мотор во Радишани е на 19-годишна возраст
-

Тешко повреден 19-годишник откако татко му го турнал по скали
-

Ограбен скопјанец кој побарал помош при вадење на пари од банкомат
-

Тетовец ја нападнал сопругата и ја избркал од дома заедно со трите малолетни деца
-

21-годишно момче со мотор загина во тешка сообраќајка кај Радишани
-

27 пакувања со марихуана пронајдени кај затвореник во Идризово
-

Момче паднало од тобоган и скршило вратен пршлен во Турција, со владиниот авион ќе биде вратено во Македонија
-

Тетовец продал камион за 11.000 евра на рати – останал и без камионот и без парите
