Мицотакис: Грција сака силно портфолио во Европската Комисија

Секако би сакал портфолио што ќе го истакне од една страна напредокот што Грција го постигна на економско ниво, но исто така и стратешката позиција на Грција во југоисточниот дел на Европа и НАТО, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за Политико, јави дописничката на МИА од Атина.
Во однос на тоа дали Грција е заинтересирана за ново најавената позиција комесар за Медитеранот, Мицотакис вели дека е добра идеја што се воведува таков комесар, оценува дека би требало да биде медитеранска земја што ќе го добие конкретното портфолио, но и посочува дека сепак за Атина постојат и други ресори што би можеле да ѝ одговараат.
Грчкиот премиер во интервјуто нагласува дека Грција повеќе не ја гледаат „како црна овца на Европа“, што му овозможува да игра поголема улога на европска и меѓународна сцена.
Додава дека во следните пет години, Европа ќе треба да има тешка дискусија за тоа како да одговори на прашањата поврзани со климата, конкурентноста и одбраната.
Политико пишува дека во последните месеци, името на Мицотакис повремено се споменуваше како алтернатива на Фон дер Лајен доколку таа не добие доволна поддршка за втор мандат, за што грчкиот премиер вели дека неговиот фокус секогаш бил на Атина, а на прашањето дали тоа може да се промени за пет години, духовито одговорил дека „пет години се повеќе од еден век во политиката“.
Грција сè уште не ги има јавно објавено кандидатите за комесари, меѓутоа во изминатиот период во медиумите се споменуваат министерката за труд Ники Керамеос и префектот на областа централна Македонија Апостолос Ѕиѕикостас.
Ново на Сител
-

Арагчи: Вооружените сили на Иран се подготвени за одбрана, Техеран отворен за дипломатија
-

Гостиварец тешко повреден при пад од четирицикл во шумски предел
-

Повлекувањето на американските сили од Германија покажува дека Европа мора да преземе поголема одговорност за својата одбрана, коментира Берлин
-

Трамп вели дека морнарицата на САД дејствува „како пирати“
-

Алиу: Телемедицината ќе ги поврзе лекарите од дијаспората со пациентите во земјата
-

Трамп потпиша нови санкции против Куба
-

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола
-

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале
