Мицотакис: Ципрас наместо да организира фиеста, да распише избори

Наместо да организира фиести, Ципрас на 20 август да распише избори, порачува лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во интервју за „Athens Voice“.
Kако што јави дописничката на МИА од Атина, конкретниот датум, за грчката влада е денот кога земјата излегува од кризата и завршува со последниот меморандум, а беше планирано да се организира свеченост, меѓутоа, по катастрофалните пожари и националната трагедија со над 90 жртви, се уште е непознато дали грчкиот премиер ќе се реши на некоја симболична прослава.
- Единствено што му останува на Ципрас е на 20 август, датумот од самиот поставен како термин за излез од програмата, наместо да прави фиести, да распише избори. А, по четири седмици, грчкиот народ да одлучи како, на кој начин и со кого треба да чекориме во иднина, рече Мицотакис.
Извори од кабинетот на грчкиот премиер, коментираат дека претседателот на Нова демократија континуирано бара избори, „кога владата ја водеше битката во преговорите со кредиторите, кога економијата сврти нова страница, кога земјата одново презеде лидерска улога на Балканот,Мицотакис бараше избори“.
-Во период кога земјата живее национална трагедија, не испушта да побара избори. На денот кога нашата земја, по цели осум години излегува од меморандумите во кои не фрли неговата партија, господниот Мицотакис, што прави? Бара избори, коментираат извори од кабинетот на Ципрас и додаваат дека лидерот на Нова демократија, единствено го интересира да се врати на власт.
Ново на Сител
-

Трамп ја менува Агелер, амбасадорката на САД во земјава
-

Откако се раздвоија на патот кон ЕУ, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија
-

Мисајловски: Нема да испраќаме македонски војници во Украина
-

Опозицијата реагира дека предлог-казните за злоупотреба на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ биле ниски
-

Ахмети: Без извршен Бадентер, нема коалиција со идна Влада
-

СДСМ: Изолација од ЕУ, суспендирани исплатите од ИПАРД 3 поради корупција
-

ВМРО-ДПМНЕ: Каде завршиле испраните 2 милиони евра од ЕСМ, во Мала Речица или Бихачка?
-

Нема договор за интервентно зголемување на минималната плата
