-->
-->
Мицотакис: Александар Велики беше Грк и нема дискусија за ова прашање
-->
Немаме што да споделиме од културното наследство на Александар Велики, вели лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, одговарајќи на овој начин на изјавата на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров дека во 21 век, две европски држави што го споделуваат географскиот регион Македонија, треба да најдат начин за споделување и на културни наследства.-Немаме што да споделиме од културното наследство на Александар Велики. Бидејќи ја прочитав изјавата на Димитров дека треба да го споделуваме културниот идентитет, немаме ништо да споделиме. Александар Велики беше Грк. Нема сомнеж за тоа и нема да влеземе во дискусија или преговори за ова прашање. Тоа е основен дел од националниот идентитет. Не постои компромис за ова прашање, рече Кирјакос Мицотакис, а како пример спомена прашање во квиз во британско шоу.
На прашањето „Која националност бил Александар Велики?“, одговорот, дека бил Грк, бил земен како погрешен, затоа што точниот одговор бил: Македонец.
- Овие прашања предизвикуваат емоционални реакции, коментираше Мицотакис.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
