Мицкоски: Задоволен сум од сработеното на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ
Па еве се гледа, појдете на секаде каде што има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, јас самиот ќе се пријавам да бидам човекот кој што ќе оди од општина до општина и ќе ги сликаме проектите и ќе снимиме што ги работат градоначалниците, и потоа ќе ги бараме проектите на владата кој што ги нема. И да видиме да направиме разлика тоа се барем факти, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како е задоволен од реализација на програмите на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски потенцираше дека е презадоволен од сработеното и рече дека градоначалниците така ќе продолжат да работат и во иднина се со цел да ги исполнат ветувањата дадени пред граѓаните, а со тоа и да ја вратат надежта и ќе покажат дека не се сите исти.
Ќе видите и овде во Кавадарци, ќе видите во другите општини каде што има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и ќе ги споредуваме фактите, колку проекти се реализирани на дело бидејќи тоа се гледа, тука нема веќе Христијан зборел едно, Ковачевски и Заев друго. Еве проектите се тие, се гледаат. Јас сум презадоволен имајќи во предвид од условите во кои што работата луѓето, многу чесно, многу посветено, и сум убеден дека така ќе продолжат и ќе покажат една разлика дека не се сите исти и ќе ја вратиме надежта кај македонските граѓани, бидејќи народот е во апатија, народот е разочаран, народот е ограбен и понижен. И тие се буквално разочарани од сите политичари, но ние се трудиме да покажеме дека можело поинаку и дека има надеж и дека Македонија може да оди напред. Тоа е суштината на оваа генерација на политичари во ВМРО-ДПМНЕ. И јас сум убеден да покажеме дека навистина Македонија има можност, луѓе и капацитет да оди напред наместо да назадува, порача претседателот Мицкоски од Кавадарци.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж
-

Полициска потрага во кипарскиот град Лимасол по лицето кое го фатило светиот крст и побегнало
-

ЕК не го признава легитимитетот на Делси Родригез, но ќе се ангажира со венецуелските власти
-

Уапсени двајца членови на групата „Пинк Пантери“ за грабеж на златарница на Халкидики со „плен“ од над 500.000 евра
-

Лазаров ги одбра 19-мината кои ќе патуваат на ЕП 2026
-

Повеќе од 25.000 домаќинства во Берлин четири дена се без струја по нападот врз електричната мрежа
-

На ГП „Блато“ приведен албански државјанин, се запалило и возило во колона
-

Во опожарениот бар во Кран Монтана од 2019 година немало инспекции за противпожарна безбедност
