Мицкоски за проблемот со транспортерите: Имавме дипломатска офанзива, има неколку можни решенија

Премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали очекува надминување на проблемост со транспортерите идната недела на закажаниот состанок во Брисел со министрите од шесте земји од Западен Балкан, рече дека е важно што имало заедничка дипломатска офанзива со земјите од регионот и оти проблемот е препознаен од страна на ЕУ.
- Овој проблеми со транспортерите е еден од многуте наследени проблеми од порано. Важно е дека имавме дипломатска офанзива, здружена со земјите од регионот. Важно е дека е препознаен проблемот. Важно е дека има неколку можни решенија и очекувам да се катализира решение со кое ќе се надмине овој проблем, но тука не застануваат проблемите, следно е квотите за челикот, така што проблеми има континуирано, тие се тука и ќе се решаваат - рече Мицкоски во изјава за медиумите по промоцијата на програмските приоритети на програмата „Еразмус+“ за 2026 на Економскиот факултет при УКИМ.
Тој повтори дека мора да се надмине проблемот со транспортерите и уверен е дека решението се надзира и очекува следниот месец да биде завршена работата.
Во однос на изјавата на вицепремиерот и министерот за транспорт Александар Николоски дека ако не се реши проблемот со транспортерите ќе има колапс на економијата, Мицкоски рече дека неговата изјава била повеќе во насока дека поради блокада на граничните премини ќе нема трговска размена меѓу земјите.
-Тоа повеќе ќе имплицираше и кон нашиот јужен сосед. Вие знаете и во Хрватска Владата реагираше и министерството таму реагираше. Во таа насока повеќе беше кажано тоа, по што тоа беше пречекано од страна опозицијата на нож, веднаш беше спинувано. Инаку граѓаните и бизнисот да не се грижат, успеавме да обезбедиме на меѓународниот пазар доволно средства да ги вратиме долговите на претходната влада, и со остатокот да имаме доволно средства за развој, и македонската економија повторно да биде една од првите во регионот и во првите пет во Европа. Така што, економијата продолжува да расте и јас очекувам, покрај рекордите што ги имавме во втората половина на 2024 или 2025 година, тој тренд да продлжи и во 2026 година, рече Мицкоски.
Во вторник, 3 февруари, ќе се одржи состанок на министрите од сите земји од Западен Балкан со претставници на Европската комисија за проблемот на превозниците од регионот во шенген-зоната. Новата визна стратегија на ЕУ, што ја презентира ЕК, како што беше најавено, ќе им помогне на превозниците од Западен Балкан бидејќи „ЕУ сака да овозможи пофлексибилни правила за прекуграничните работници“.
Возачите на камиони од Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина почнаа да ги блокираат граничните премини во понеделникот, 26 јануари, сметајќи дека новиот систем за контрола на влез и излез (ЕЕС) во шенген-зоната дискриминира превозници од ЕУ.
МИА
Ново на Сител
-

Законот за високо образование „под лупа“, професорите и студентите со сериозни забелешки
-

Тема на денот со Александар Николовски, поранешен претседател на УСС и Бленди Ходаи, претседател на Форум за образовни промени
-

Обвинтиелството без детали - партиите се обвинуваат меѓу себе
-

Доживотна казна затвор за штипјанецот кој ја уби мајка си
-

Доктори од Словенија: Онколошки пациенти се лекувале со погрешна терапија
-

Речиси 5000 казни за една недела од Сејф сити, најголем број за брзо возење
-

Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници
-

ССМ утре ќе го блокира Собранието, пратениците на работа ќе одат пеш
