Мицкоски за предлогот на Мерц: Љубопитни сме да дознаеме повеќе на претстојниот Самит во Тиват

Љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата, вели премиерот Христијан Мицкоски, во однос на предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц за постепена интегрција на во Европската унија.
Мицкоски, денеска во одговор на новинарско прашање потврди присуство на претстојниот Самит на ЕУ и Западен Балкан во Тиват, каде очекува да слушне повеќе за овие концепти и идеи.
- Тие размислувања и идеи ги слушаме веќе подолго време, не би можел да збороувам ништо додека не стане официјално. Канцеларот Мерц најави ваков развој на настаните уште на состанокот на Берлинскиот процес во Лондон минатата година и јас тоа го коментирав тогаш - дека ќе се случуваат нови предлози, нови можности во регионот, итн. Она што можам да го кажам во овој момент е дека љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата. Тоа, претпоставувам, ќе се случи на самитот којшто ќе го имаме во Тиват од 4-ти до 5-ти јуни, јас ќе бидам таму. Со нетрпение очекувам да ги слушнам овие концепти и овие идеи. Откако ќе имаме повеќе суштина, тогаш ќе можеме и да зборуваме во јавност, изјави Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во употреба на трговски центар во Гевгелија.
МИА
Ново на Сител
-

Две лица од Радовиш произведувале и продавале мраз со бактерии, запленети 850 килограми
-

13-годишник нападнат од родител на негов соученик во Аеродром, заврши во болница
-

Ужас во Тетово: 62-годишник силувал дете кое не наполнило 15 години
-

Македонија со три светски шампиони: Калин и Томи освоија злато, вкупно пет медали од СП во кикбокс
-

Во Њујорк одбележана 35-годишнината од независноста
-

Андоновски: Нов Центар за услуги за граѓаните на Кочани, се олеснува пристапот до услугите на институциите
-

Светски ден на контрацепција: Современа контрацепција користат само 14% од младите жени
-

Мбапе ја напушти репрезентацијата и се врати во Мадрид
