Мицкоски во Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки

Премиерот Христијан Мицкоски и шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски денеска присуствуваа на отворањето на Генералното собрание на Обединетите нации.
Премиерот Мицкоски на Фејсбук објави дека со гордост ја претставуваат Македонија на местото каде што се носат важни одлуки за светот.
-Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на Обединетите нации. Настан кој ги обединува претставниците на државите од целиот свет и претставува важна платформа за разговори за глобалните предизвици, мирот, безбедноста и иднината на меѓународната соработка. Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки за светот и каде што се градат партнерства засновани на почит, дијалог и заеднички интереси, наведува Мицкоски во објавата.
Предвидено е Мицкоски, кој со владина делегација престојува во посета на САД, да има обраќање пред Генералното собрание на ОН.
Генералната дебата на 81. сесија на Генералното собрание на ОН ќе трае од денеска до 28 септември, а светските лидери ќе дискутираат за глобалните предизвици и приоритети на темата „Обнова на довербата, управување со трансформацијата: Обединети нации што им служат на сите“.
Речиси 130 шефови на држави и влади лично ќе присуствуваат во седиштето на светската организација во Њујорк за да ја испратат својата порака до светот.
МИА
Ново на Сител
-

Убиство во Скопје: Ќерка ја пронашла мајка си мртва во семејната куќа
-

Kривична за намерно предизвикување стечај
-

Усвоени измените на Законот за јавни набавки
-

Со македонски пасош олеснето може да се патyва во 114 држави во светот
-

Играј online: Лото 7 и Џокер на Државна лотарија
-

Инстант лоз „Златна треска“ на Државна лотарија
-

Ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч пронајдени при претрес во Кавадарци | ФОТО
-

Макрон: Не очекувавме толку масовна мобилизација на протестите на 17 октомври
