Македонија
1. October 2023 - 17:53

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го напушти Собранието ако мнозинството го протне Законот за амнестија со европско знаме

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го напушти Собранието ако власта се обиде да ги заобиколи собраниските процедури при носење на Законот за амнестија.

Лидерот на партијата вели дека по никоја цена опозицијата нема да довзоли носење на закон со кој од затвор ќе излезат криминалци, но и лица осудени за „Монструм“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ испрати и дирекна порака до меѓународната заедница, ја повика Европската Унија да не биде заложник на руските интереси преку поддршка на бугарските диктати.  

На втората годишна конференција на Унијата на ветерани Мицкоски повика на обединување и единство потребно за победа против како што вели оваа однародена власт.

Најави нова кампања со која партиските членови излегуваат на терен за лично од граѓаните да ги слушнат секојдневните проблеми, но и заедно да ги креираат решенијата.