-->
-->
Мицкоски: Вистинската метла е потребна за оној во чии раце се наоѓа!
-->

– Денеска гледаме дека деспотот ќе ги распушти сите општински комитети, но не кажа што понатаму, а притоа заборава да каже дека општинските комитети не се виновни за тоашто тој се колнеше во дедовината, таковината, се колнеше во најмилото, дека нема да го направи тоа што го направи кога тргуваше со идентитетот на нацијата, со идентитетот на државата, рече претседателот од Македонски Брод.
Тој поочи дека СДСМ и Заев од опозиција ветуваа шестотини километри автопат, а денеска граѓаните се сведоци дека и она што го наследија од владата на ВМРО-ДПМНЕ не можат да го пуштат во употреба, иако поминаа две години откако Зоран Заев е на власт.
-Македонски Брод е место каде луѓето можеби најсилно ја живеат сиромаштијата и уништената песпектива која оваа власт ја донесе и продолжува да ја носи за секој еден човек. Нема ниту една нова инвестиција, нема ниту нешто што може да се протолкува како проект или мерка со која ќе им се помогне на граѓаните. Овде луѓето не се ни надеваат на ветените 500 евра просечна плата, во Македонски Брод борбата е да се стигне до било каква плата. А и оние 500 евра кои јавно премиерот Заев ги ветуваше се измама. Исто како што се измама и ветените 1500 евра плата за лекарите, субвенциите за земјоделците, враќањето на младите во државата, истакана петседателот Мицкоски.
Мицкоски од Македонски Брод порача дека изманикот кој што е носител и кој што треба да биде носител на операцијата „метла“ е Зоран Заев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Превртена приколка од камион го блокира патот Истибања – Македонска Каменица, сообраќајот во прекин
-
Во среда авионска дезинсекција против комарци во Скопје
-
Град Скопје: Власта го политизира наместо да го осуди случајот со физичкиот напад врз градоначалничката Арсовска
-
Формиран Кризен штаб за заштита од пожари во Македонска Каменица
-
Украинските ученици наскоро ќе учат да летаат со ФПВ дронови како дел од ажурираната наставна програма „Одбрана на Украина“
-
Исчезна руски воен хеликоптер со пет лица
-
Кривична за кавадарчанец за шест дела „тешка кражба“ и две за „тешка кражба во обид“
-
Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, приведени шест лица