Мицкоски: Веднаш после промената на власта ќе спроведеме електронски попис

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во своето гостување во емисијата ,,Што не е јасно” на Алфа телевизија се осврна на резултатите од Пописот кои денеска беа презентирани на македонската јавност.
Мицкоски овој попис го нарече некомплетен и потенцира дека веднаш после промената на власта, ќе се направи нова статистичка и реална операција.
- Ние уште на самиот почеток имавме многу забелешки за оваа статистичка операција, но оној заклучок кој што можеме да го кажеме покрај фактот дека таа е некомплетна, е дека мнозинството, огромно мнозинство повеќе од 90-тина% од тие кои што не се изјасниле се дел од македонскиот народ според општините каде тие се наоѓаат и ние ги наброивме денес на прес-конференцијата но истовремено и порачавме дека веднаш после промената на власт ќе имаме една вистинска статистичка операција, електронски попис на кој што јасно ќе знаеме колкаво е резидентното население во Македонија. – порача Мицкоски.
Тој како следен заклучок што го извлече е тоа дека Македонија се депопулира, односно дека се намалува бројот на резиденти во Македонија, речиси повеќе од 10% споредено со претходниот попис и тоа, како што рече Мицкоски е поразителен факт за сите политички елити и политичари кои изминативе 20 години функционираа на политичката сцена.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Николовски, младински активист од Студентаријамк
-

Групацијата Флекс донираше куќичка за желките во скопската зоолошка
-

Eвроамбасадорот Рокас шокиран од состојбата на струшката депонија
-

Законот за правична застапеност во собраниска процедура
-

Без напредок во реформите, бугарските европратеници порачуваат: „Македонија сама си става вето“
-

Муцунски: Кај европските лидери постои засилен интерес за поттикнување дијалог меѓу Скопје и Софија
-

Вучиќ ќе оди во Тиват и покрај безбедносните ризици - тензии на релација Подгорица-Белград
-

Ќе се проверува производството на спорните млечни производи, од понеделник резултати и за сувомесните
