Мицкоски: Средба добивме можеби поради суета
Самиот факт што денеска само 500-тини семејства се разбудија со топли радијатори е доволен доказ дека работата не е сјајна, би рекол е катастрофална работата. Цениме дека како ВМРО-ДПМНЕ во овие тешки моменти треба да се помогне. Тоа го правиме веќе две недели разговаравме и со коморите, разговаравме и со бизнисот, нормално секојдневно комуницираме со граѓаните. Побаравме и официјално средба, ова го кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски непосредно пред средбата со премиерот, Димитар Ковачевски во Владата на Република Македонија.
- Конечно не знам дали беше од суета или од други причини, вчера добивме потврден одговор од страна на Ковачевски дека ќе најде време да не прими да ги слушне нашите предлози, нашиот концепт кој не се однесува само за оваа есен и зима туку и за следната година, кажа Мицкоски.
Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потребно е да им се помогне на граѓаните и на Македонија, а не да се собираат политички поени.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи