Мицкоски: Состојбата со горивата во овој момент е стабилна, нема потреба од какво било ограничување

Состојбата во овој момент е стабилна, имаме стратегија и граѓаните и бизнисот не треба да бидат загрижени и да стравуваат зашто има обезбедени количини на нафта и деривати и во овој момент нема потреба од какво било ограничување, изјави премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција на која соопшти дека со одлука на вонредна седница на Владата денеска се намалени акцизите за дизелот и за безоловниот бензин и се продолжува траењето на намаленото ДДВ од 18 на 10 отсто за горивата до крајот на кризната состојба.
Мицкоски посочи дека потрошувачката минатата недела достигнала рекордни 2 милиона литри на ден (околу 75 проценти дизел и околу 25 проценти безоловен бензин) и дека, рече, е жесток притисокот на северната, западната и на јужната граница каде што потрошувачката на одредени бензински пумпи е и триплирана затоа што граѓани од други држави доаѓаат да ги полнат резервоарите.
- Во овој момент нема потреба од какво било ограничување бидејќи во разговор со трговците и со снабдувачот добив уверување дека нема опасност да бидат загрозени домашните потрошувачи, иако од 1,5 милион конзумот (потрошувачката) е зголемен на 2 милиони литри на ден. Се надевам дека така и ќе остане и дека сето тоа што се случува во (Персискиот) Заливот ќе престане и состојбата во светот ќе се нормализира, односно режимот во Иран ќе претстане да го опструира природното право на трговија на земјите од Заливот и навремено снабдување на останатите потрошувачи со нафта и нафтени деривати од Заливот, рече Мицкоски.
На прашање дали се очекува зголемен притисок на нашите бензинските пумпи од странски државјани, тој одговори дека се очекува дополнителен притисок од Србија кога таму пред Велигден ќе заврши двонеделниот регулиран период, како и од тоа какви ќе бидат цените на безрите од вторник. Притоа посочи дека неколку аеродроми од соседни земји од Македонија добиваат керозин, како на пример аеродромот во Приштина кој целосно се снабдува со керозин од нашата земја.
Нагласи дека како држава до овој момент се справуваме онака како што очекуваат граѓаните од Владата и дека покажуваат проактивност наместо ретроактивност.
- Носиме мерки, ја следиме ситуацијата, предизвиците ги решаваме на дневна однова, а за големи предизвици ќе имаме одлуки и план и стратегија, истакна Мицкоски, нагласувајќи дека цената на горивата кај нас е најниска во регинот, па и во Европа.
МИА
Ново на Сител
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
-

54-годишник барал 20.000 евра од жена, заканувајќи се со објавување на компромитирачки снимки
-

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен
-

ЦУ: Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара, кривична пријава против осум лица
