Македонија
28. јуни 2021 - 20:34

Мицкоски: Со генералниот секретар на ЕПП разговаравме за поддршка за локалните избори

 Шпанската народна партија победи во Мадрид на локалните избори и разговаравме за идна соработка на престојните локалните избори во Македонија, заеднички да соработуваме и славиме победа во нашето Скопје. Ова вечерва на Фејбук го напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Остварив успешна средба со Генералниот секретар на Европската Народна Партија, Антонио Лопез-Истуриз и пратеник во Европскиот парламент. Лопез-Истуриз е помеѓу најблиските соработници на претседателот на Шпанската сестринска народна партија (Partido Popular) Пабло Касадо, напиша Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ја имаат поддршката и знаењето.  -Со целото срце и сила за победа над застојот, стагнациите, блокадите, напиша Мицкоски на Фејсбук.