Мицкоски: Секоја подарена власт нема долго да трае

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување на Дневникот на Сител телевизија потенцираше дека секоја подарена власт нема долго да трае и од таквата судбина нема да избега ни Зоран Заев.
Мицкоски посочи дека техничка влада по примерот на Пржино е еден од условите за да има фер и демократски избори и имајќи предвид дека првиот круг на претседателските избори е некаде во март 2019 година и 100 дена наназад логично е да се формира техничка влада од крајот на октомври или почетокот на ноември.
– ВМРО-ДПМНЕ во декември 2016 година овозможи да се случат едни такви избори, на кои што СДСМ и Зоран Заев изгубија на тие избори, но понатаму бевме сведоци на настаните кои што следуваа. И еве една година потоа видовме што се случува, тоа го кажав и на митингот и ќе го повторам и сега, секоја подарена влада не може долго да трае и од таа судбина нема да избега ни тој, истакна Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека доколку овој услов не биде исполнет ќе имаме избори како последните локални избори и тоа ќе биде лош пример како се одржуваат едни демократски избори во една држава.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

„За плата се бориме, не се молиме“ – ССМ на првомајски марш
-

Мицкоски: Протестот на ССМ е дел од традиционалните првомајски работнички протести
-

Ракија, скара и пивце - среќен Ден на трудот
-

Мицкоски: Во евроинтеграциите стануваме први во регионот - СДСМ: Поблиску сме до Србија отколку до Црна Гора
-

Притвор за двајца скопјани за пожарот во Еврејската зедница, ќе одговараат за тероризам
-

Започна изградбата на катната гаража во Охрид
-

Зголемен број на повици во скопската Брза помош поради временските промени
