Мицкоски: Сè уште стои понудата за зголемување на платите што ССМ ја одби

Принципиелно ја поддржувам секоја иницијатива на секој работник што излегува демократски и си го бара своето право за повисока плата. И тука треба да сме сите натпартиски сложни дека секој работник што сака повисока плата треба да се поддржи, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Одговарајќи на прашање на пратеничката Драгана Арсова од ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание, нагласи дека Владата е таа што посредува во оној бипартитен дијалог меѓу работодавачите и работниците и оти тоа е принципиелно и зрело однесување и така треба да се однесува секоја влада.
Но, нагласи, раководството на ССМ вчера изнело многу невистини, конструкции и навреди изразувајќи разочарување од, како што рече, оние што треба да се авангарда и водачи и, пред се, луѓе со интелектуална самосвест, покажале дека се целосно политизирани, инструментализирани и водени од гнев и омраза, кон оваа влада.
Владата, како најголем работодавач, подвлече премиерот, е одговорна кон своите колеги, кон граѓаните, и уште на почетокот на својот мандат потпишала колективни договори за периодот 2024/2028 година со синдикатите од област на образованието, науката и културата, здравство за лекарите и здравите работници. Повисока плата добиле и вработени во министерствата за внатрешни работи, за одбрана, центрите за социјална работа, институции, агенции, регулаторни тела...
- Некаде отприлика околу 95 проценти од вкупниот број на вработени. Значи ние со нашите вработени, со нашите колеги сме имале дијалог и тој дијалог сме го заокружиле со колективен договор. Ние како работодавач сме одговорни и заедно со претставниците на нашите колеги сме си ги регулирале односите, едни со други, рече Мицкоски.
Подвлече дека повисока плата треба да се бара од работодавачите и оти вистинската адреса за протести биле работодавачите, но, како што нагласи, и оние коишто седум години биле влада, ја краделе и опустошувале државата, вклучително и работниците и го уценувале бизнисот.
На административните служби потсети дека уште мината година им понудиле зголемување на платите од март 2026 година до истиот период 2028 година за околу 40 отсто, под услов изнаоѓање формулација на еден заеднички колективен договор, што било одбиено од ССМ.
- Моменталната плата да биде основица, којашто сега секако ќе се зголеми, и тој збир да се зголеми за осум проценти. Сега во април 2026. Тоа е икс пари. Следната година дваесет и седма, тие икс парии повторно да се зголемат за минималната плата и тој збир со нови осум проценти. Тоа е ипсилон пари. Овие ипсилон парии повторно во дваесет и осма да се зголемат со минималната плата и повторно тој збир да се зголеми за осум проценти. Што ќе каже дека од април оваа година до април 2028, зголемувањето ќе биде околу 40 проценти, со потпишување на индивидуални или гранкови колективни договори, појасни Мицкоски.
Нагласи дека понудената опција се уште стои на маса до сите административни службеници и оти кога тоа ќе се реши 99 проценти од администрацијата ќе имаат регуларан однос со Владата како работодавач.
МИА
Ново на Сител
-

Пет лица под лупа на ДКСК поради истовремено извршување повеќе функции
-

Се е подготвено за вечерашниот старт на Пиво фест, ќе трае до недела, се очекуваат гости од цела Македонија
-

Поплавени објекти и оштетени возила по големото невреме кое синоќа ја погоди Битола
-

Тема на денот со Драган Тилев, поранешен државен советник за европски прашања
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Забрана за користење на водата во Гостивар
-

Кризната состојба продолжува до октомври, блокадата на Баб ел-Мандеб - нов ризик за цените на нафтата
