Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени

Се обидуваме да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени, вака накусо премиерот Христијан Мицкоски денеска одговори на новинарско прашање околу неговата вчерашна средба со раководството на компанијата „Рош“.
-Во напредна фаза сме, станува збор за една од првите три комапнии во светот која тука одреден период не беше пристуна. Конечно, се обидуваме да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкуреннти цени. Тоа не значи дека ќе го намалиме обемот на средства што ќе се инвестират. Обемот ќе остане ист, поентата е во намалувањето што ќе го добиеме, да го зголемиме бројот на осигурениците кои бесплатно ќе ја користат таа услуга. Се обидуваме со стратегија, директно во разговори со големи гиганти и производители на лекови, да обезбедиме конкурентни ниски цени, да не биде како до сега, цените да се зголемуваат, па да се празни Фондот, објасни Мицкоски.
Тој потсети дека на почетокот од мандатот, оваа Влада ја прошири позитивната листа со лекови.
-Заштедивме неколку милиони евра на граѓаните. Лично сум вклучен во делот на здравството и следниот период ќе работиме на подобрување на услугите, но и на услвоите за работа на здравствените работници. Почнавме темелни преговори со синдикатите. Неделава очекуваме напредок, за кон крајот на неделата да излеземе со уште едно решение за проблемите напластени со годините. Целта е граѓаните да добијат врвни здравствени услуги, повтори Мицкоски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Емил Георгиев, пилот на владиниот лирџет
-

Стојанче два пати ја тепал Ивана на денот на самоубиството, ОЈО Скопје објави детали
-

Техеран им се извини на соседите
-

Наместо сеопфатен интегриран систем за поддршка од семејно насилство, жртвите добиваат бирократија
-

Адвокатот на „ОМО Илинден“ Менкиновски, доби црн печат за влез во Бугарија
-

Ќе се градат две катни гаражи на Клинички, цените за паркирање ќе останат исти
-

Мицкоски уверува: Ќе интервенираме ако има драстичен скок на цената на нафтата
-

Почна изградбата на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ вреден 42 милиони евра
