Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност

Реконструкцијата на спортската сала „Работнички“ во Општина Центар се одвива во работна фаза, при што објектот добива целосно нов лик и функционалност согласно современите спортски и технички стандарди, наведува премиерот Христијан Мицкоски, во објава на Фејсбук.
Инвестицијата за обновата на салата изнесува 120.000.000 денари и е обезбедена од Владата преку Министерството за спорт, како дел од владините Проекти за трајна промена - темели за сигурна иднина.
Мицкоски посочува дека проектот има цел создавање модерен спортски центар кој ќе одговори на потребите на професионалниот и рекреативниот спорт.
Салата располага со вкупна површина од околу 2.000 метри квадратни, од кои 1.400 метри квадратни се наменети за спортскиот терен, а 600 метри квадратни за пропратни простории, административни содржини и сервиси. Проектираниот капацитет изнесува приближно 1.000 гледачи.
Проектот опфаќа изградба и опремување на спортски објект со ФИБА LEVEL 1 стандард, со вградување на енергетски ефикасни системи за греење, ладење и вентилација, подно греење поврзано на градската топловодна мрежа, како и современо спортско осветлување со професионална фотометрија.
Предвидено е поставување на квалитетен масивен спортски под, нова спортска опрема и целосно обновување на административните и придружните простории, информира премиерот Мицкоски.
Тој споделува детали и од работната фаза од проектот за реконструкција и пренамена на поранешната Стоковна куќа во современ мултифункционален и културен центар со музејска содржина во Радовиш. Објектот, лоциран во централното градско подрачје, добива целосно нова намена и значење како јавен простор од културен и општествен интерес.
-Во рамки на работната фаза се изведуваат интензивни градежни активности кои опфаќаат конструктивна санација и адаптација на постојниот објект, внатрешно уредување, функционална реорганизација на просторот и создавање услови за современи културни, изложбени и музејски содржини. Со инвестиција од 229.691.396 денари, обезбедена од Министерството за култура, се поставуваат темелите за нов културен центар кој ќе придонесе за збогатување на културниот живот, зачувување и презентација на културното наследство и зголемена достапност на културни настани за сите граѓани, пишува Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Куче-душкач открило дрога во вредност од 1,7 милиони евра на пристаништето во грчкиот град Патра
-

Маж и жена се истепале за паркинг на гробиштата во Ѓорче Петров
-

Лишена од слобода кавадарчанка по пријава дека со остар предмет му нанела повреди на сопругот
-

Едно лице почина, две тешко повредени во три сообраќајни несреќи
-

Родители на убиениот медицински техничар во Минеаполис тврдат дека администрацијата на Трамп „одвратно лаже“
-

Анкета: Повеќе од 60 отсто од Германците го доживуваат Трамп како закана за Германија
-

Орбан му порача на Зеленски: Унгарија нема да дозволи да биде заплашена
-

Под влијание на циклонска активност, од вечер врнежи од дожд, наместа и над 30 литри на квадратен метар
