Мицкоски пристигна во Влада на закажаната средба со Заев | Сител Телевизија
Македонија
13. јуни 2018 - 14:54

Мицкоски пристигна во Влада на закажаната средба со Заев

По барање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска е закажана средба помеѓу двајцата лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Средбата ќе се одржи во Владата на Република Македонија, а Мицкоски веќе пристигна .

Темата на средбата ќе биде договорот за решение на спорот со името кој Заев вчера преку телефон го договори со неговиот грчки колега, Алексис Ципрас.

Претходно Мицкоски се сретна со претседателот Ѓорге Иванов, наскоро се очекуваат детали од средбите.