Мицкоски: Повеќе од 35 илјади проблеми од граѓаните стигнаа до ВМРО-ДПМНЕ
Повеќе од 35 илјади писма, сугестии, проблеми, насоки, стигнаа до ВМРО-ДПМНЕ кои се резултат на оваа наша активност на терен, но и она кое стигнува во седиштето на партијата. Со тоа можам да кажам дека ги надмина очекувањата, кога всушност ја почнавме оваа наша акција, а тоа беше да добиеме што е можно повеќе сугестии, што е можно повеќе насоки, што е можно повеќе совети, да ги слушнеме проблемите на нашите сограѓани за да можеме во програмата која што ја подготвуваме за следните предвремени парламентарни избори да излеземе со решенија за истите тие проблеми.
Ова го изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Кавадарци, каде престојуваше караванот наречен „Разговори за обнова на Македонија“.
– За волја на вистината, кога започнавме кон крајот на септември, се уште не беше извесно дека ќе има предвремени парламентарни избори, иако ние како ВМРО-ДПМНЕ, како најголема политичка партија во Македонија, како опозиција во случајот, континуирано повторувавме, инсистиравме народот на непосредни предвремени парламентарни избори, час поскоро да одлучи дали навистина блескаме, или пак Македонија никогаш не била во полоша состојба како што велевме ние како најголема политичка партија и како опозиција во Македонија, нагласи Мицкоски меѓу другото.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци рече дека е убеден во мудроста на граѓаните.
Ново на Сител
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје