Мицкоски: Папата Франциск беше глас на совеста во време на глобални предизвици
Премиерот Христијан Мицкоски изрази сочувство по повод смртта на папата Франциск во кое посочува дека тој како духовен водач зад себе остава неизмерно хуман, чесен и посветен траг во историјата на современиот свет.
- Неговата порака за мир, солидарност, грижа за најранливите и дијалог меѓу народите беше светлина за милиони луѓе, без разлика на верата или нацијата. Беше глас на совеста во време на глобални предизвици и неизмерен пример за човечност и морална храброст. Папата Франциск низ годините континуирано ја изразуваше својата поддршка за Македонија – за нејзините напори за мир, соживот и почитување на различностите, се истакнува во објавата на премиерот Мицкоски на неговиот офијален фејсбук профил.
Премиерот додава дека неговите зборови секогаш охрабруваа, а неговиот однос кон нашиот народ беше исполнет со топлина и почит.
-Во мое лично име, во име на Владата и на граѓаните, упатувам најискрено сочувство до Ватикан, Католичката црква и сите верници кои денес тагуваат. Вечна му слава и благодарност, се наведува во изразеното сочувство на Мицкоски за Папата Франциск.
Ново на Сител
-
Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска поднесе оставка
-
Втор ден потрага по 16 годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар
-
Пожарот на планината Серта ставен под контрола, но се уште гори
-
СДСМ: Историска измама на власта, над 318.000 пензионери се оштетени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити градоначалникот тепач на Крива Паланка
-
Комунални екипи на 5 скопски општини го расчистуваат просторот на скопското Кале
-
Граѓанските активисти скептици дека ќе се уриваат дивоградбите
-
Преглед на вестите од светот