Мицкоски: Оваа генерација има обврска да ги исправи грешките и да создаде иднина за сите наредни

Денес се одбележува најголемиот светилник на постоењето на македонската држава, финалниот чин по повеќестолетната борба за слобода и независност или што би се рекло денот над деновите - 8 Септември, празникот на нашата независност, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својата Фејсбук страница по повод Денот на независноста.
-На овој ден за прв пат се слушнаа зборовите „Да ви ја честитам суверена и слободна Република Македонија“ на плоштадот Македонија каде се прославуваше независноста. Воедно да не заборавиме дека 8 септември е стремежот на илјадници претходно борци за слободна и своја држава.
Тогаш се градеа темелите на Републиката и создаваа институции, но и денес имаме битки кои мора да ги победиме, заеднички, поинакви, иако поинакви сепак подеднакво важни, наведува Мицкоски.
Мора да се победи разочарувањето, додава Мицкоски, кое ни го оставија и криминалот и корупцијата кои денес се најважните проблеми против кои се бориме. Секој атом од силите да го вложиме во градба на иднина каква заслужува секој еден човек.
-Овој пат државата е на потег и нејзе ја враќаме на народот. Да создадеме земја на среќни граѓани и силна економија. Општество кое ќе одговара на реалните потреби и ќе нуди реални решенија. Да си ги зачуваме луѓето овде во нашата татковина. Оваа генерација има обврска да ги исправи грешките и да создаде иднина за сите наредни. Ова е нашата заедничка битка и заедно се бориме и заедно ќе успееме! Нека е честит и вековит денот на независноста. Бог да ја благослови Македонија!, посочува премиерот во честитката по повод Денот на независноста.
Ново на Сител
-

Игокеа го назначи Перо Антиќ за амбасадор на клубот
-

Лажна дојава за бомба во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани
-

Словачка Амбасада: Од 17 март нов директен лет Братислава-Охрид, нов чекор напред кон зајакнување на билатералните односи
-

Од 14 до 16 март Кочани ќе ја одбележи првата годишнина од трагичниот пожар во „Пулс“
-

Трамп: Не знам доволно за нападот врз училиштето во Иран, истрагата е во тек
-

Претрес на поранешниот ранч на Џефри Епстин во Ново Мексико
-

Македонија со 17 кикбоксери на Светскиот куп во Италија – над 2400 борци од 46 држави
-

Перез донесе одлука за нов тренер на „кралскиот клуб“
