Мицкоски оствари средба со францускиот амбасадор Тимоние
Двајцата соговорници констатираа дека Република Македонија и Република Франција имаат добри односи и дека тие односи мора да се продлабочуваат и во иднина, информираат од партијата.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес придружуван од членот на Извршниот комитет, Игор Николов оствари средба со амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние.
Двајцата соговорници констатираа дека Република Македонија и Република Франција имаат добри односи и дека тие односи мора да се продлабочуваат и во иднина, информираат од партијата.
-Претседателот Христијан Мицкоски истакна дека стратешка определба на Република Македонија е членство на државата во ЕУ и НАТО. ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија во минатото и во иднина ќе стори се во насока на остварување на овој наш стратешки интерес. Мицкоски потенцираше дека досега од владата во таа насока гледаме само деклеративни заложби, без конкретни дела, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски го информираше Тимоние и за политичкиот прогон кој се врши врз политичките неистомисленици, како и репресијата на слободната мисла, што е потенцирано дека е удар врз демократијата.
-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна и дека е загрижувачка насоката во која се движи економијата на државата и изрази сомнеж за капацитетот на властите, судејќи по економските параметри во изминатиов период, но и забрзаното задолжување. Мицкоски уште еднаш потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ гледа огромен пријател во Република Франција и ќе се грижи за унапредување на односите во иднина, со цел просперитет на нашите два народи, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Трамп: Путин е свесен дека се можни нови американски санкции
-
Најмалку 24 загинати во поплавите во Тексас, меѓу нив и деца
-
Зголемен интензитетот на сообраќај, на „Табановце“ и „Богородица“ се чека до 40 минути
-
Амнести: Властите во Србија мора да ја прекинат незаконската употреба на сила против демонстрантите и да истражат пријави за полициско насилство
-
Денеска многу топло, до 41 степен, надлежните препорачуваат мерки за заштита
-
Макрон: Путин не попушта, санкциите остануваат клучни
-
Амбасадата во Белград ја потврди информацијата за загинат македонски државјанин во сообраќајка
-
СДСМ реагира на најавата од владата