Мицкоски оствари средба со австриската министерка Едштадлер
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. Д-р Христијан Мицкоски денеска оствари средба со министерката за Европа и уставни прашања на Австрија, Каролине Едштадлер.
На средбата Мицкоски ја истакна благодарноста кон Република Австрија која ја дава на Македонија за континуираната, искрена и недвосмислена поддршка во изминатите години, истакнувајќи дека од особено значење е јасната поддршка на евроинтеграциите на Македонија, како стратешки приоритет и на Европската унија и на Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ, особено во овие турбулентни времиња за Европа, останува цврсто на европскиот пат, и се залага преговорите со ЕУ да започнат веднаш и без одлагања, вели Мицкоски.
Претседателот Мицкоски нагласи дека непринципиелни и неприфатливи се барањата за идентитетски, јазични и историски промени, посочувајќи дека почетокот на преговорите треба да се базира на исполнување на европските вредности.
Непринципиелните барања за идентитетски, јазични и историски промени се неприфатливи во 21виот век. Преговорите и пристапувањето кон ЕУ треба да се базира на исполнување на европските вредности и критериуми, рече тој.
Впрочем, Мицкоски ја потенцираше и нелегитимноста на Владата и неисполувањето на основните барања на граѓаните, што го покажуваат и мерењата на јавното мислење.
Неуспесите во борбата со криминалот, корупцијата, економските потфрлања, јасно покажуваат дека оваа влада ја нема поддршката на граѓаните, порача претседателот Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

По 25 години - нов етички кодекс за новинарите
-

Нов етички кодекс за пратениците - ќе се стави ли крај на навредите во Собранието?
-

Нов доказ во случајот со оддавање службена тајна
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
-

Преглед на вестите од светот
