Македонија
9. July 2019 - 13:13

Мицкоски: Оставка од Заев е единствено извинување кое треба да го направи

„Се освен оставка од премиерот Заев е неприфатливо по дипломатскиот скандал со двајцата руски комичари“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Вели дека во оваа држава конечно некој мора да сноси одговорност и повика на одржување на предвремени парламентарни избори

Според него, премиерот Заев треба да се повлече и да се формира техничка влада.

Во однос на промената на позицијата на власта во Грција Мицкоски не одговори конкретно дали доколку ВМРО - ДПМНЕ дојде на власт ќе може да успее да направи нов Преспански договор кој ќе биде во корист на Македонија.

Даниел Василев