-->
-->
Мицкоски: Остануваме посветени на спроведување на реформите
-->

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека денеска одржале работен состанок посветен на Реформската агенда и процесот на европска интеграција, на кој преку онлајн обраќање учествувал директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман.
На состанокот, како што посочува премиерот во објавата, разговарале за досегашниот напредок, следните чекори и координацијата меѓу институциите, со цел реформските процеси да продолжат ефикасно, навремено и во согласност со утврдените приоритети.
-Остануваме посветени на спроведување на реформите што ќе придонесат за поефикасни институции, подобри услуги за граѓаните и забрзан напредок на државата - истакнува премиерот Мицкоски.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
