Мицкоски од Кораб: Заеднички да се избориме за подобро, за обнова и иднина- Среќен роденден Македонијо
Денес на 2 764 метри надморска висина, врвот Кораб највисокиот во нашата преубава Македонија. Денеска 8 септември денот на независноста, да го славиме вечно, се додека сонцето го изгрева утрото. Да се избориме за нашата земја, во ова време, невреме, кога силно не влечат на дното, кога животот станува пекол, а секој од вас чувствува и знае дека ова денес не е она за што се бореа нашите во минатото и она што ние го сакаме денес, напиша лидерот а ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук.
-Затоа заеднички да се избориме за подобро, за обнова и иднина. А кој друг ако не сите ние, и не затоа што е лесно туку затоа Македонија е нашето се. Тоа е наше име и презиме, нашиот завет, она што сме и ќе продолжиме да бидеме. Среќен роденден Македонијо. Биди вечна и исправена на секоја бура и невреме. Биди горда и достоинствена, слободна и независна!
Да сте живи и здрави Македонци!
Ново на Сител
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце
-
Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија
-
Транспортерите од Западен Балкан чекаат по 10 часа на граница за влез во Унијата
-
Голем број гости се очекуваат за празниците во Охрид
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа