Мицкоски од Бутел: По 30 години полициските службеници добиваат нова полициска станица и соодветни услови за работа

Премиерот Христијан Мицкоски кој денеска присуствуваше на отворање на реконструираната полициска станица во Бутел им се заблагордари на полициските службеници на нивното трпение што го имале изминативе децении работејќи во стриот објект во субстандардни услови.
- Градоначалникот и министерот за внатрешни работи кажаа тоа што е важно да се каже односно каде работеле повеќе од 30 години полициските службеници, што ќе се случува на местото на тие бараки, каде ќе биде изграден паркот, културниот мултифункционален дом или сето она што треба да се направи, што претставува додадена вредност овде во Бутел. Генерално сите технички параметри беа кажани, јас само сакам да им се заблагодарам на полициските службеници на нивното трпение коишто го имале изминативе децении. Некои таму почнале да работат и се пензионирале во оние услови, видовте каде работеле, тоа се стандарди на се личат само не на зграда на полициска станица, рече премиерот Мицкоски.
Треба, додаде тој, многу трпение сето тоа да се издржи и да се одговори на задачите коишто биле секојдневни.
- Исто така сакам да упатам благодарност нормално до министерот, до министерот за социјална политика, демографија и млади, до заменикот, до градоначалникот на Општина Бутел што сето ова го направија заеднички, Министерството за внатрешни работи, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Општина Бутел. Владата во целиот овој процес се разбира како нераскинлив дел, и натаму ќе продолжи да поддржува вакви проекти. Се надевам дека се помалку вакви отворени позиции ќе има во државата коишто ќе треба да се решаваат секојдневно, истакна македонскиот премиер.
МИА
Ново на Сител
-

Институтот за македонски јазик доставил забелешки за Предлог-законот за високото образование
-

Сиљановска-Давкова: Одговорни сме кон јазикот како кон непроценливо богатство и моќно миротворно оружје
-

Врнежи од дожд во низините, снег на планините
-

61-годишник со 2,90 промили алкохол во крвта правел хаос во спортска обложувалница во Кисела Вода
-

Британска двојка осудена на 10 години затвор во Иран поради обвинение за шпионажа
-

Му продал лажен златен накит за 800 евра - измамен скопјанец
-

Му ветил социјална помош и стан, го измамил за 4.200 евра
-

Три лица од Судан нападнале и ограбиле 27-годишник во Кисела Вода
