Мицкоски: Очекуваме Заев да си поднесе оставка, ако не ќе изгласаме недоверба на владата
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва по излегувањето од Собранието по излегувањето од Собранието, истакна дека имаат мнозинство кое гарантира дека оваа Влада, предводена од СДСМ, е мината.
„Ја очекуваме оставката на Зоран Заев која што ја најави, доколку тоа не се случи ќе поднесеме постапка преку која ќе се изгласа недоверба на Влада, која ја предводи Зоран Заев“, истакна Мицкоски.
Мицкоски не сакаше да открие дали ова ново мнозинство ќе значи и формирање на нова Влада или предвремени парламентарни избори. Рече дека и двете опции се во игра.
-Сите опции се во игра. И на таа прес-конференција јас споменав дека имаме две опции. Едната опција е да се окрупни опозицијата и да има ново мнозинство коешто ќе изгласа недоверба на Владата доколку, повторно ќе кажам – тактизира Зоран Заев со оставката. И второто е да одиме на брзи предвремени парламентарни избори. Така што, и двете опции се во игра, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Израел соборува ирански дронови над Саудиска Арабија
-
Апел на МНР: Избегнувајте патувања во Израел и Иран
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Се трага по Владимир од Штип
-
Повеќе од 200 борбени авиони учествуваа во нападите врз Иран
-
Откажани летови низ Блискиот Исток
-
Во Кочани уапсени 13 полицајци и началници кои биле на должност вечерта кога се случи трагедијата
-
Нетанјаху: Нападот врз Иран беше „многу успешен“, операцијата ќе трае со денови
-
Иран тврди дека подготвува остар одговор на израелските напади