Мицкоски: Очекуваме да го подобриме резултатот од октомври во Тетово
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Тетово порача дека очекуваат уште подобри резултати во споредба со октомври 2021 година, а се работи на тоа бидејќи овие избори се значајни за партијата. Тој очекува еден, а како што рече се борат за втор дополнителен советник во Тетово.
-Ќе дадеме се од себе тоа да го оствариме, а потоа и тоа го оправдаме пред граѓаните во Тетово дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што мисли за сите, која што мисли за иднината и не е ВМРО-ДПМНЕ политичка партија каква што некои сакаат да ја злоупотребат како партија која што не враќа назад. Напротив, со чесна работа, посветена работа, со многу проекти, со многу реализации ВМРО-ДПМНЕ покажува насекаде низ Македонија дека иднината е во работата и онаа чесна работа и осетена работа, изјави Мицоски од Тетово каде имаше средба со граѓани во рамки на кампањата.
За Тетово Мицкоски рече дека ќе има победнички резултат со оглед на истата кандидатска листа како лани.
-Тука до мене е носителот на советничката листа Ангел Карапетров. Очекувам рекорден број гласови што ВМРО-ДПМНЕ ги има освоено во советничка листа овде во Тетово. Ја има целосната моја поддршка и доверба и не само моја туку и на сите коишто се дел од Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ овде во Тетово. Ги повикувам тетовци да излезат и да гласаат масовно за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Ангел Карапетров, рече Мицкоски.
Тој нема да има средба со лидерот на БЕСА Биљал Касами денеска, а за евентуална коалиција рече дека треба да да завршат во сабота изборите како и се види соодносот во рамките на Советот.
-Инаку, да, ние сме политичка партија која што еднаш беше тука во Советот во коалиција со движењето Беса доколку нормално постигнеме политички договор зошто да не продолжи таа коалиција.
Ново на Сител
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
