Мицкоски: Очекувам реконструкцијата на Универзалната сала да заврши во предвидениот рок

Реконструкцијата и на модернизацијата на еден од најзначајните културни симболи на градот Скопје - Универзалната сала, е проект од исклучително значење, бидејќи со нејзиниот нов лик градот ќе добие современа, функционална и репрезентативна културна институција, простор за врвни концерти, театарски претстави, фестивали, големи културни настани.
Проектот, чија реконструкцијата е планирано за заврши до декември 2027 година, е од исклучително значење и во контекст на подготовките на Скопје за европска престолнина на културата 2028, беше истакнато по денешниот увид на градежните активности на објектот од страна на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.
Премиерот Мицкоски изјави дека очекува во рамките на рокот и на предвидениот буџет да биде завршен овој објект.
-Очекувам во рамките на рокот да биде завршен овој објект бидејќи проектот „Европска престолнина на културата“ после сите оние застои во минатото, конечно добива на некаква динамика, а мораме до 2028 комплетно да ги затвориме сите објекти. Така што еден од тие објекти е и овој позади нас. Јас сум благодарен од мое име, од името на граѓаните на Градот Скопје што овој објект после сите оние перипетии од минатото ќе добие некаква физиономија. Според она што го видов и што го презентираше проектантот ќе биде навистина прекрасно дело. Па ајде да не зборуваме што се вели пред време, да го завршиме и потоа сите заедно да се радуваме и уживаме во културните настани коишто тука ќе се организираат, рече премиерот.
Министерот Љутков информира дека постапката за избор на изведувач е успешно завршена, со што се создадени сите услови за почеток на градежните работи.
- Проектот ќе се реализира по принципот „клуч на рака“, а завршувањето на реконструкцијата е планирано до декември 2027 година. Овој проект е од исклучително значење и во контекст на подготовките на Скопје за Европска престолнина на културата 2028. Со новиот лик на Универзална сала, градот ќе добие современа, функционална и репрезентативна културна институција, простор за врвни концерти, театарски претстави, фестивали и големи културни настани. Ова е инвестиција во иднината на македонската култура, во нашите уметници, во нашата публика и во генерациите што доаѓаат, рече Љутков.
Скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски изрази задоволство од настанот и им се заблагодари на претседателот на Владата, на Владата, на Министерството за култура и туризам, како и на министерот, за нивниот ангажман и, како што рече - по долго време ја враќаат душата на Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

ДИК: Вкупно 107 болни или немоќни и 9 лица кои се на издржување казна затвор можат да гласаат на вториот круг во Брвеница
-

Бројот на смртни случаи од ебола во Конго надминува 5.000
-

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД
-

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните
-

Облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Денеска се празнува Светиот апостол и евангелист Лука
-

Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на АЛТА банка
-

Се бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
