Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката

Во Владата денеска беа потпишани договори за реализација на фотонапонската електрана „Битола 3“ и за ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3, со што се најавуваат стратешки инвестиции во енергетскиот сектор во вкупна вредност од 97 милиони евра.
- Во Владата денес беа потпишани договори, настан кој има значење и оди многу подалеку од формалниот чин на потпишување на договори. Всушност денес донесовме одлуки коишто ја обликува иднината на државата, ја зајакнуваат нејзината стабилност и ја дефинираат нашата визија за економски развој, безбедност и суверенитет, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Со потпишувањето на договорот за реализација на фотонапонската електрана „Битола 3“ и за ревитализацијата на хидроелектраните – Фаза 3, испраќаме, како што посочи премеирот, јасна и недвосмислена порака: енергетиката е еден од клучните национални приоритети и инвестиција од највисок стратешки интерес.

- Станува збор за инвестиција од вкупно 97 милиони евра, од овие, 50 милиони евра се од КфВ се за фотонапонска „Битола 3“, 10 за ревитализација на хидроелектрани, а 37 од ЕБОР се за ФЕ „Битола 3“. Со овие проекти, инвестициите во енергетскиот сектор се приближуваат до 100 милиони евра, вели Мицкоски.
Посочи дека во современиот свет, енергетиката е прашање од суштинско значење за националната безбедност, економската конкурентноста и социјалната стабилност.
- Сигурниот, стабилен и сопствен енергетски систем е предуслов за отпорност на економски и геополитички предизвици, како и за долгорочен развој. Затоа, нашата определба е јасна: систематско, континуирано и одговорно инвестирање во енергетски капацитети, со цел да ја зајакнеме енергетската независност и да обезбедиме долгорочна сигурност за граѓаните и за стопанството, нагласи премиерот.
Според него, фотонапонската електрана „Битола 3“ е симбол на таа определба. Таа претставува чекор кон модерна, чиста и одржлива енергетика, која ја користи силата на природата во служба на јавниот интерес. - Со ваквите инвестиции ја намалуваме зависноста од увоз на електрична енергија, го стабилизираме енергетскиот биланс и создаваме предуслови за предвидливи и пониски трошоци на долг рок, додава тој.
Истовремено, како што посочува премиерот, преку ревитализацијата на хидроелектраните – Фаза 3, покажуваме дека знаеме да управуваме мудро и со постоечките ресурси.
- Наместо да ги оставиме капацитетите да стареат, вложуваме во нивна модернизација, зголемена ефикасност и продолжен работен век. Ова е пристап кој носи најголем поврат за државата и за граѓаните. Овие инвестиции имаат и значаен економски ефект, преку отворање нови работни места, ангажман на домашната индустрија, развој на локалните заедници и зголемена конкурентност на националната економија. Стабилниот енергетски систем е основа за стабилна економија и подобар животен стандард за граѓаните, нагласи Мицкоски.
Владата, како што рече тој, изразува благодарност до Министерството за финансии, АД ЕСМ за нивната професионалност, експертиза и посветеност во спроведувањето на овие стратешки инвестиции.
- Посебна благодарност како Влада упатуваме до нашите меѓународни партнери – КфВ Банка и Европската банка за обнова и развој, за поддршката и довербата во реформските политики и визијата која е препознаена и дека нашите политики се кредибилни, одржливи и насочени кон иднината. Ова партнерство е пример како државата и меѓународната заедница можат заедно да градат проекти од стратешко значење, истакна премиерот.
Според него, оваа цел на Владата не е краткорочен ефект, туку долгорочна трансформација.
- Градиме енергетски систем кој ќе биде отпорен на кризи, флексибилен кон идните предизвици и усогласен со европските стандарди. Но, исто така систем кој ќе обезбеди енергетска сигурност денес, но и за генерациите кои доаѓаат. Затоа денес не зборуваме само за мегавати и инфраструктура. Денеска зборуваме за суверенитет, за одговорност и за визија. За држава која самоуверено ја гради својата иднина, истакна премиерот Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
-

Економските санкции на ЕУ кон Русија продолжени за уште шест месеци
-

Презентирана Стратегијата за развој на ЗОО Скопје: Фокус на едукација, заштита и хуман третман на животните
-

Седлоски нов селектор на македонската А-репрезентација
-

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство
-

МЗШВ: Европската комисија нема суспендирано средства од ИПАРД III програмата
