Мицкоски: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите напори за изградба на праведно општество
Премиерот Христијан Мицкоски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово-Велигден, во свое име и во име на Владата упати честитка до Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, свештенството, монаштвото и сите православни верници.
-Воскресението на нашиот Спасител е вечен симбол на победата на животот над смртта, на светлината над темнината. Нека оваа Пасха донесе духовна радост, мир и благослов во секое македонско семејство. Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија е столб на нашата духовност и национален идентитет.
Вашата улога во зачувување на верата, традицијата и моралните вредности е од непроценливо значење за нашето општество, се наведува во честитката.
Во време на брзи општествени промени, технолошки напредок и глобален притисок врз традиционалните вредности, се додава, Владата останува посветена на заштитата на корените на нашето општество и на создавање услови во кои семејството, моралот, воспитувањето и духовноста ќе бидат зајакнати.
-Живееме во тешки времиња на предизвици и искушенија, и сум целосно свесен дека многу наши граѓани ги мачат истите проблеми и грижи. Сакам да биде подвлечено дека ние, сите заедно мора да работиме за напредокот и благосостојбата на секој еден човек, и тој пат да обезбедиме иднина не е воопшто лесен, но јас сум цврсто и непоколебливо решен заедно да го изодиме до целта. Заедно да ги менуваме работите, да се бориме против несигурноста, против ударите кои треба да не поколебаат, и да застанеме позади вредностите во кои веруваме, наведува Мицкоски.
На тој пат, се подвлекува, вербата во Бог и грижата за ближниот не се само лична определба, туку темел на едно силно и одговорно општество.
-Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество. Бог да ја чува Македонија. Христос Воскресе!, стои во честитката од премиерот Христијан Мицкоски.
Ново на Сител
-
Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ
-
Со сателетски снимки ги лоциравме дивите депонии во државата | Мартина и Mирко | Sitel Podcast 101
-
Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака
-
Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје
-
Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
-
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
-
Расправата за ребалансот продолжува утре
-
Кривична за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги