Мицкоски: Нашата влада во преговорите за името е неколку чекори позади грчката
Од 27 јануари немаме добиено конкретни информации во врска со преговорите што се водат меѓу Македонија и Грција, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на конференцијата организирана од институтот Ифимес во Љубљана. Оттука, додаде тој, нашата перцепција е изградена врз основа на информации од медиумите.
Според него, веќе подолг период Република Македонија е страната која ги дава сите отстапки, а ништо не добила за возврат. „За жал, сè повеќе изгледа како нашата Влада да е неколку чекори позади грчката и го води процесот на преговори реактивно наместо проактивно“, рече Мицкоски.
Според него, Владата на Република Македонија мора да најде решение кое ќе инкорпорира заштитни механизми со кои што принципите и одредбите на било каков договор не би можеле да биде игнорирани заради субјективни политички причини или потреби од грчка страна.
„Република Македонија ја гледа својата иднина во НАТО и ЕУ. Од наша перспектива, НАТО е клучна алка за современата Евро-Атланска архитектура, додека ЕУ е најсилна движечка сила за демократски, економски и социјален развој на Европскиот континент. ВМРО-ДПМНЕ како и граѓаните на Република Македонија се свесни дека стратешките приоритети – членството во НАТО и ЕУ – може да се остварат преку: имплементација на национални реформи, развој на регионална соработка и оддржување на добрососедски односи, како и континуиран придонес на регионалната и Евро-Атланската безбедност и стабилност“, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд