Мицкоски: Направивме храбар, историски чекор, очекувам администрацијата да ги подобри услугите кон граѓаните и бизнисот

Околу 11 000 вработени во админстрацијата ќе бидат опфатени со Договорот што го постигнаа нејзините репрезентативни синдикати со Владата. Договорот ќе трае до 2028 година и за негова реализација ќе бидат потребни нешто над 10 милиони евра.
Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција по средбата во Владата со репрезентативните синдикати на администрацијата, оцени дека постигнатиот Договор е храбар, историски чекор, но и напомена дека, како што Владата ќе го регулира зголемувањето на платите, така очекува и администрацијата да испорача подобри услуги за граѓаните и бизнисот.
Според Мицкоски, Договорот треба да се операционализира преку индивидуални договори.
- Со ова, Владата, како најголем работодавач, целосно воспоставува Договор со рок на траење до 2028 година и ги има регулирано односите со колегите во институциите. Ова е историски момент зашто досега никогаш порано не се случило да имаме ваков план за зголемување на платите за да дојдеме до некое достоинстевнмо ниво. Ова се тие храбри чекори што ги правиме, дури и во услови на светски и домашни предизвици кои влијаат на економијата, со домаќинско зрело и одговорно работење, истакна премиерот.
Тој потсети дека Општиот коективен договор е истечен, напоменувајќи дека Владата е подготвена да седне заедно со ССМ и КСС да испрегповара нов Општ колокетивен договор, како единствена алатка врз основа на која ќе бидат исплаќани платите.
- Ваква вин-вин комбинација можеме да го направиме со зрело работење и доверба која мислам дека со одредени структури во синдикатите Владата ја има и ја гради, но има структури кои никако да излезат од прегратките на некои политички партии. Јас сум задоовлен, очекувам уште многу вакви усшешни моменти понатаму, рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Месечно на мобилен 105 повика и 3,8 часа разговор
-

УХМР ќе го одбележи Светскиот ден на водите
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален слаб дожд
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
