Мицкоски на средба со американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите на партијата Тимчо Муцунски и Владо Мисајловски остварил средба со помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О' Брајан.
На средбата, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, соговорниците ги потврдиле добрите односи и потребата за искористување на придобивките од стратешкото партнерство со САД.
Мицкоски истакнал дека освен членството во Европската Унија, стратешки интерес на државата е и заштита на националните и идентитетските обележја на македонскиот народ и на Македонија.
Од страна на Мицкоски била афирмирана и потребата за сериозна борба против корупцијата и криминалот и неопходноста од системски реформи кои ќе го подобрат стандардот на државата.
Соговорниците се осврнале и на повеќе прашања од регионално значење.
Ново на Сител
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција
-
Левица поднесе интерпелација за Коцевски
-
Прес конференција Европски фронт
-
Прес конференција земјоделство
-
Прес конференција мин. економија
-
Огромен интересот кај младите за мерката самовработување
-
Од 1 јули движење во шумските подрачја само со дозвола
-
Економистите очекуваат раст на цените во иднина