Мицкоски на промоција на Националната стратегија СМАРТ/МК 2030

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати на промоција на Националната стратегија за развој на ИКТ – СМАРТ/МК 2030, документ усогласен со Европската дигитална декада и Агенда за развој.
Стратегијата се базира на четири столба: ИКТ инфраструктура и поврзливост – развој на безбедна, достапна и одржлива дигитална инфраструктура како основа за дигитална трансформација, Дигитални компетенции и инклузивност – градење дигитални вештини и обезбедување еднаков пристап до дигитални можности за сите граѓани, Е-владеење и електронски услуги – унапредување на јавните услуги, транспарентноста и довербата во институциите преку дигитални решенија и Бизниси, иновации, вештачка интелигенција и нови технологии – поттикнување на дигиталната економија, стартап екосистемот и примената на нови технологии.
Како земја кандидат, државава ја прифаќа рамката на Европската дигитална декада, која предвидува четири цели до 2030 година: дигитално обучени граѓани и квалификувани ИКТ експерти, безбедна и поврзана инфраструктура, дигитализирани јавни услуги, дигитално интегрирани бизниси.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Бугарија бара редефинирање на македонскиот идентитет, да се обединиме со опозицијата против тоа
-

Внатрешна контрола при МВР ќе го истражува осветувањето на полициските возила
-

Клуч на врата за маркетите кои не го почитуваат законот, најави премиерот
-

Белата куќа: И воена силa е опција за завземање на Гренланд
-

Преглед на вестите од светот
-

Божиќ - Празник на Христовото раѓање
-

Балканскиот Ерусалим исполнет со верници
-

Преглед на вестите од светот
