Мицкоски на митинг во Новаци
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на митинг се обрати пред жителите на општина Новаци.
Мицкоски побара поддршка за кандидатот за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, посочувајќи дека само таа ќе може да ја донесе правдата и правдината во Република Македонија. Како што рече Мицкоски, гласот за Пендаровски е глас за Заев, а со тоа и продолжување на сета оваа неправда која што во моментот и се случува на Република Македонија.
Гласот за Стево Пендаровски е глас за Зоран Заев и сета неправда која и се случува на Македонија. Луѓето со пила си ги сечат овошките, затоа што немаат ќар и се зиан од оваа власт, имаме случаи каде 500 луѓе за еден ден се иселуваат во странство. Си одат зошто тука не ја гледаат иднината. И додека ова се случува Заев вели дека ќе населувал мигранти како работна сила. Ова е човек без концепт, ова е човек кој и наштетува на нашата држава, вели претседателот Мицкоски.
Тој посочи дека поради лошите економски политики на владата на СДСМ и Заев, граѓаните секојдневно си заминуваат од Македонија во потрага по подобра живот иако Заев во време на опозиција им ветувал живот ги излажал и изманипулирал граѓаните.
Луѓето ги напуштаат родните огништа, со себе и семејството го носат, Македонија се празни, стотица илјади наши сограѓани ја напуштија Република Македонија во потрага по подобар живот, а се сеќавате ги редеа чевлите пред платото на владата на Република Македонија велејќи дека стотица илјади граѓани ја напуштиле државата и дека се тие оние кои што со живот ќе ги донеселе и ќе ги врателе назад повторно тие луѓе. Но, не само што не ги вратија, лагата да биде посурова по брутална дополнителни стотица илјади наши сограѓани ја напуштаат Република Македонија, па потоа ќе го слушнете Зоран Заев онака храбро недалеку од Новаци тука од прилепско ќе каже ќе носел мигранти затоа што немало работна сила. Човек не знае дали да се чуди дали да се смее или да плаче. Ваква трагедија и комедија во исто време ниту Шекспир не можел да напише што Заев може да смисли, истакна Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Седница за опозициски прашања во Собранието
-

Топло време со услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи
-

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје
-

ЦУК: Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни
-

Истражна постапка и притвор за синот кој е осомничен дека си го убил таткото
-

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички
-

Шумски пожар кај село Бајково на Огражден, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле
-

Од утре патнички возови Скопје - Битола и Битола - Скопје

