Мицкоски на конгрес во Брисел

Премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ од денска во следните два дена е во Брисел. Од партијата информираат дека Мицкоски заедно со партиска делагација ќе учествуваат на конгресот на Европската народна партија во Брисел на кој се поканети и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.
Дел од делегацијата на Мицкоски се и партискиот генерален секретар, Драган Ковачки, и членот на извршниот комитет, Стефан Андоновски, кои посетата на Брисел ќе ја искористат и за бројни билатерални средби.
„Присуството на Мицкоски и делегацијата на овој висок собир ја потврдува цврстата определба на Македонија за европска интеграција и активна вклученост во процесите кои ја дефинираат иднината на Европа. Ова учество е значајна можност за афирмација на националните интереси и за зајакнување на позицијата на државата во рамки на европското политичко семејство, како и за средби со присутните лидери“ најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
-

ОТА: Во 2025 прислушувани 259 комуникации, најголем број по барање на МВР
