Македонија
4. January 2021 - 14:10

Мицкоски: На денешен ден од тогашниот бугарски фашистички окупатор се убиени Мирче Ацев и Страшо Пинџур

На денешен ден во 1943 година после сурово измачување од тогашниот бугарски фашистички окупатор убиени се македонските херои Мирче Ацев и Страшо Пинџур. Ова не е политика, туку гол факт, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Нивната борба беше продолжување на борбата на Илинденците, а нашата денешна слобода е цутот на тој пркост. Ден кога треба да се потсетиме колку е скапа слободата, и колку е важна вистината. Слава им!“, пишува Мицкоски.