Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите пет во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни

Добрата вест за македонската економија и за граѓаните е што растеме, 2025 година ја завршивме во првите пет во Европа, и тоа се факти, веднаш по Ирска, Малта, Кипар и заедно со Полска. И тоа се бројки од Евростат. Исто таква беше и 2024 година. Пред шест-седум години бевме на дното во регионот, сега сме лидери и сме во првите пет во Европа според процентот на раст на бруто-домашниот производ - истакна премиерот Христијан Мицкоски вчера во интервју за ТВ „Ора 24“ зборувајќи за изградбата на коридорите 8 и 10 д и за другите инвестиции, како и за економските параметри.
Тој посочи дека во првите два месеца од годината има двоцифрен раст во проценти на приходите во буџетот, и, како што рече, тоа значи дека економијата добро оди.
- Заедно со ова можам да кажам дека во првите два месеца од годината имаме двоцифрен раст во проценти на приходите во буџетот, што значи економијата добро оди, се плаќа данок на додадена вредност, нема веќе толку сива економија и при увоз во земјата и во внатрешниот промет, добивката е поголема, данокот на добивка, од минатата година, што значи дека компаниите работат и профитираат, зголемени се придонесите, што значи качени се примањата на вработените од 12 до 13 проценти, така што апсолутно почетокот на годината ветува одлична економска година - посочи Мицкоски додавајќи дека сето тоа зависи од времетраењето на она што се случува на Блискиот Исток и влијанието врз енергентите и светската економија.
МИА
Ново на Сител
-

Чадот од српските пожари го покри романскиот град Тимишоара, дадени итни здравствени препораки
-

Мајка и татко од липковско психички и физички ја малтретирале својата 18-годишна ќерка
-

Уапсен 82-годишен маж, подолго време ја тепал својата 78-годишна сопруга
-

Кривична за 68-годишник од Демир Хисар, дома чувал четири различни видови на огнено оружје и 155 куршуми
-

Просечната нето плата во јуни 48.381 денар
-

Клековски: Средствата за прскање против комарци се безбедни за луѓето и се препорачани од СЗО
-

Мицкоски: Како држава годинава се справуваме најдобро со пожарите
-

Во водите на Охридското Езеро утре ќе се одржи 39. „Охридски пливачки маратон“
