Мицкоски: Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и природен гас

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и природен гас. Гради гасен интерконектор со Грција и почнува со изградба на гасен интерконектор за поврзување со Србија - информирал премиерот Христијан Мицкоски на вчерашниот панел во рамките на Светскиот економски форум во Давос.
Мицкоски, како што објави на својот фејсбук-профил, зборувал и за изградбата на трите големи брани - стратешки проекти вредни две милијарди евра, кои, според него, освен што ќе овозможат производство на електрична енергија, ќе создадат и три значајни резервоари со чиста вода за пиење.
- На вчерашниот пладневен панел посветен на економија и инвестиции во Давос, зборував за стратешките чекори што ги преземаме како држава во однос на вештачката интелигенција, енергетиката и долгорочниот развој на државата. Во однос на вештачката интелигенција, ги зајакнуваме нашите преносни линии за електрична енергија, но не само тоа, паралелно ги зајакнуваме и преносните линии за природен гас. Во тој контекст, градиме гасен интерконектор со Грција, а почнуваме и со изградба на гасен интерконектор, што ќе ја поврзе државата со Србија. Ова се стратешки проекти од суштинско значење не само за нашата држава туку и за целиот регион - наведува Мицкоски, според кој, со поврзувањето земјата ќе го зголеми капацитетот за гас до 8 милијарди кубни метри годишно.
Во врска со браните, напоменува дека потребата од обезбедување резерви чиста вода за пиење ќе биде сè поголема.
- Имајќи ги предвид климатските промени, регионот ќе има сè поголема потреба од вакви резерви, кои ќе обезбедат долгорочна водна безбедност и стабилно снабдување со чиста вода, се вели во објавата на Мицкоски на Фејсбук.
МИА
Ново на Сител
-

Македонските тенисери пред тежок испит, Кипар има предност од 2:0
-

Трамп за 19 февруари го планира првиот состанок на Одборот за мир
-

Најмногу дожд во Маврови Анови, најстудено на Попова Шапка и Берово
-

„Вашингтон пост“ го објави повлекувањето на извршниот директор
-

Мицкоски ќе се сретне со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата
-

Променливо облачно со повремен дожд
-

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат
-

Украински беспилотни летала погодија хемиска фабрика во рускиот Тверски регион
